Пејачката Тања Цароска остро реагира на советот кој водителот Огнен Јанески ѝ го дава на мајка, чие дете починало пред три месеци зошто немало кој да го прими на Ургентен.

Добро, салам ли е овој што вака ладнокрвно ја советува оваа крахирана жена кај тоа да оди и да пополнува пријави и жалби како да се работи за украден телевизор? Дете ѝ починало зашто немало кој да го прими на Ургентен, ехеј! Пред само 3 месеци!! Зошто на ова инстантно не реагираат новинари и медиуми и веднаш не се трага по одговорните туку на оваа кутра мајка се остава целата обврска да се тркала по институции?? Има ли некој нормален останат бе??, прашува Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.