Неформалната група родителите кои се против воведување дигитални ученици в четврток ќе се сретнат со министерката за образование и наука, Мила Царовска

Како што информираше Драгана Спасовска, претставник на родителите. Средбата е на иницијатива на групата родители кои во изминатите недела дена своите деца ги држеа надвор од наставата во училиштата.

Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, се вели во информацијата објавена во групата „учебници и настава мора да има“.

Освен во училиштата за средно образование училиштата бележат и поединечни отсуства и во основното образование. Од министерството за образование, пак, со спротивни тврдења. Нема бојкот на наставата туку поединечни отсуства.

Министерството за образование и наука информира дека помали групи на ученици од неколку училишта во државата не ја посетуваат наставата организирана со физичко присуство, односно не се вклучени во онлајн наставата.Апелираме до нив и до нивните семејства, да ја променат таквата одлука и заедно со сите други ученици да се вратат на часовите и на процесот на стекнување знаења, што впрочем треба да биде нивен приоритет и единствена грижа, се вели во соопштението на МОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.