Носителката на листа на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите од Аеродром и Центар.

На двете средби Царовска најави зголемување на минималната пензија на 10.700 денари во следниот мандат на СДСМ, но и потсети што во изминатиот период Владата предводена од СДСМ направи да го реформира пензискиот систем.

Како министерка за труд и социјална политика наследив целосно срушен пензиски систем којшто ако не го реформиравме ќе беше доведена во прашање не само исплатата на пензиите на сегашните пензионери, туку и на идните прнзионери. Вие како пензионери добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително ги зголемуваше пензиите. Како одговорна партија којашто се грижи за сите граѓани, СДСМ покажа дека се грижи и за повозрасните. Во јануари годинава ги зголемивме пензиите на 324 илјади пензионери за 722 денари. Ова зголемување влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки, коишто влегуваат во основицата на пензиите и дополнително законски ги усогласуваме, рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.