Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска синоќа беше избраана за потпретседателка на СДСМ.

Вечерва на седницата на Централниот Одбор на СДСМ бев избрана за нов потпретседател на партијата. Упатувам искрена благодарност до претседателот Заев и членството за укажаната доверба. Навистина ја ценам добиената можност да дадам личен придонес во зајакнување на капацитетот на партијата.

Откако сум министер се борам за солидарност со најранливите, еднаквост и подобар живот за сите граѓани. Ова се моите вредности. Како потпретседател на СДСМ ветувам дека ќе работам на тоа овие вредности уште посилно да се вградат во политиките и делувањето на партијата.

Се обврзувам дека доследно, чесно и професионално ќе ја извршувам функцијата. Како претставник на највисокиот одлучувачки орган на СДСМ секогаш ќе се залагам за делување на партијата во интерес на граѓаните, напиша на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.