Министерката Царовска уште го нема решено скандалот со печатените учебници веќе се соочува со нов кој во себе содржи и наука и образование и историја и идентитет.

Одборот за доделување на највисоката награда за наука „Гоце Делчев“ одлучило наградата за научно дело за 2020 година да ја додели и на професорката и академик Катица Ќулавкова но денеска министерството за образование и наука предводено од Мила Царовска не организираше свеченост за доделување на наградата. Оправдувањето е дека поради пандемијата врачувањето се одложува.

Годинешната лауреатка, академик Катица Ќулавкова е една од најактивните македонски актери кои отворено застанаа против Преспанскиот и договорот со Бугарија, против промена на името и уставот како и против Законот за јазиците.

Академик Ќулавкова во неколку наврати беше жестоко напаѓана од провладините активисти а во еден инцидент против неа од страна на провладиниот Хелсиншки комитет беше поднесена и кривична пријава за наводен говор на омраза.

Одлуката Ќулавкова да ја добие наградата Гоце Делчев била донесена пред две недели но до денеска министерката Царовска не успеала да организира свечено доделување иако датумот на доделувањето е прецизно назначен во одлуката за конкурсот.

Како еден интелетруален пигмеј, како Мила Царовска, со цел продажба на државата и идентитетот се дрзнува да им ја ускрати честа и наградата на капитални интелектуални творци како академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ.

Дали недоделувањето на наградата е дел од политичките комбинаторики на Пендаровски и Заев кои денеска не се појавија на гробот на Делчев или се работи за причините наведени во дописот од МОН, останува да лебди како сомнеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.