Пишувам како изреволтиран матурант кој предизвикан од секојдневните „гафови“ во нашиот образовен систем веќе се убедува својот живот да го продолжи надвор од оваа држава. Си земам за право да ги „искористам“ вашето внимание, влијание и правни насоки со чие јавно објавување би се разбила тоталната цензура, пишува Матеј Кардула, матурант во СОУ „Наум Наумовски-Борче“ – Крушево.

Според него, во ова општество граѓаните се бомбардирани од вести за разводите на познати брачни парови без да се има точни информации дали бојкотираат „мали изолирани групи“ – како што вели министерката Мила Царовска или пак 78 отсто од матурантите.

-Не е точно дека 70 проценти од учениците го бојкотираат наставниот процес, туку само дел од нив“, ќе изјави министерката Царовска за медиумите.

Покрај ваквото манипулативно однесување пред јавноста, матурантите се соочија и со закани и медиумска цензура.

-Конкретно, иако законски регулиран, со навремено испратени известувања до училиштата, беше насилно запрен со напишани неоправдани изостаноци и покрај што министерката се изјасни дека штрајкот е „легитимно право на матурантите“, вели Кардула.

Сите матуранти ќе мораат да ги надокнадуваат пропуштените часови, ако не, министерката Царовска најави дека штрајкувачите-матуранти ќе бидат избркани од училиштата. Иако според Уставот секој граѓанин има право на штрајк и изразување на своите ставови.

Под голем притисок се и нивните професори. Професори кои предаваат во средни училишта, велат дека не смеат да евидентираат часови во дневникот, но принудени биле да евидентираат неоправдани изостаници за учениците во електронскиот дневник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.