Министарката за образование и наука (МОН) Мила Царовска соопшти дека повеќе од 75 отсто од наставниците се вакцинирани против ковид-19 и тоа е двојно повеќе од националниот просек.

Процентот на нови позитивни и активни случаи е под еден процент. Од почетокот на учебната година до денеска не надминавме 0.3 проценти активни, а на дневно ниво не надминавме 0.03. Се движи од 0.01. до 0.03 и укажува на стабилност, изјави денеска Царовска.

Таа денеска во Клубот на пратеници ги врачи договорите на јавните научни установи и институти кои беа избрани на јавен конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти.

Царовска потенцира дека моделот на наставата во училиштата ќе се промени само ако се покаже дека состојбата со ковид во училиштата се влошува.

Остануваме на овој модел, и за сѐ се консултираме со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, рече таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.