Министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата во Битола изјави дека останува одлуката за учење од дома за повисоките одделенија и физичко присуство за учениците до третто одделнија.

Министерката заедно со Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска го посетија СОУ „Таки Даскало“, каде што во изминатиот период се работеше на целосно реконструирање на кровната површина. Вкупната инвестиција е 16 милиони денари и обезбедена од Буџетот на МОН. Со овие средства се целосно реконструирани крововите на три училишни објекти, вклучувајќи ја и спортската сала каде е ставена и термоизолација.

Инвестирањето во образованието е инвестиција за иднината, за целокупниот општествен развој. Полека, но сигурно обезбедуваме услови за непречено одвивање на наставата на учениците. Се надевам дека во скоро време, повторно ќе се слушне училишното звонче и вревата на учениците. Тоа сите го посакуваме, но во овој период мораме да бидеме свесни за опасностите од Ковид-19. Засега, останува одлуката за учење на далечина за учениците од погорните класови и наставата со физичко присуство за најмалите ученици. Секаде каде што е потребно МОН ќе инвестира, затоа што учениците се иднината на нашата земја, со обезбедувањето на услови за неопречено следење на наставата, сме инвестирале во развојот на нашето општество, истакна министерката Мила Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.