Во просек за 11 отсто се зголемуваат ученичките стипендии кои ќе се исплаќаат со стартот на новата учебна година. Со владината одлука којашто е донесена во понеделникот наместо досегашните од 2.200 до 2.970 денари на месечно ниво учениците ќе добиваат стипендија во висина од 3.500 денари. Вкупниот годишен износ кој ќе се распределува за оваа намена од речиси 87 милиони денари се зголемува на 97,8 милиони денари, а ќе бидат опфатени 3.100 ученици, најави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со средношколските и студентските здруженија.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.
Министерството за образование и наука преку работната група МЛАДИ-МОН ќе продолжи да креира политики со кои се подобрува стандардот и условите за учење за младите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.