Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, рече министерката зa образование Мила Царовска.

Министерката истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар.

Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Според неа, предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува после спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.