Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина” во Битола.

Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните.

Потпретседателката Царовска најави дека новиот концепт во образование ќе почне да се применува од септември во 1 и 4 одделение.

Тој ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него, и оние што денес го напаѓаат, затоа што нашите деца ќе бидат задоволни, програмите ќе бидат усогласени со новото време, децата ќе научат да учат, да поврзуваат, да се справуваат со проблеми, се што денеска не учат, истакна Царовска, додавајќи дека во образованието поставуваме амбициозни цели, мораме да брзаме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ 12 години не инвестираше во образованието, а со тоа не инвестираше во иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.