Министерката Мила Царовска преку статус на социјалната мрежа Твитер најостро ги демантира тврдењата на професорката Јасна Котеска, која обвини дека министерката планирала да ја укине групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет.

– Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска, повикувам да запре ширењето на дезинформации, стои во статусот на министерката.

Таа додава дека ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет.

– Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, порача Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.