Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на Предлог-законот за учебници од собраниска процедура.

Реформите ќе почнат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение, истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Ние ќе продолжиме со имплементација на реформите. Светот се менува толку брзо што учебниците брзо застаруваат, затоа не е прашање дали ние сакаме или не дигитални учебници, туку дека мораме да ги воведеме затоа што тие ќе понудат поинаков пристап во учењето, од печатените учебници кои се со многу лош квалитет и со една илустрација на лекциите – рече Царовска.

Министерката посочи дека Владата и Министерството не отстапуваат од новиот закон за учебници и дека, и покрај тоа што беше слушната експертската јавност, уште еднаш ќе биде ставен на јавна дебата.

Дебатата е многу значајна и неа ја имавме и со наставниците и со Синдикатот и со експерти од областа на образованието и дел од академиците веќе јавно ја дадоа својата поддршка за воведувањето на дигиталните учебници. Сепак, пред да го вратиме предложениот закон во собраниска процедура, даваме уште една можност за негово разгледување и елаборирање. Предност мора да дадеме во дебатите на стручната јавност, односно да ги слушнеме експертите за учебници, експертите за образование тие да го кажат своето мислење – додаде Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.