Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ја претстави Националната платформа за онлајн-учење која ќе се употребува во новата учебна година.

Подготовката на националната платформа за онлајн-учење беше голем предизвик, но таа е влог во иднината и модернизација на образованието. Таа е алатка која во оваа учебна година значително ќе помогне да го задржиме квалитетот на образовниот процес и во услови на пандемија – рече Царовска.

Министерката истакна дека платформата е првиот чекор кон модернизација на образованието, нова алатка за која е убедена дека ќе биде значаен ресурс и по надминувањето на кризата со ковид-19. Таа додаде дека периодот што следи дека нема да биде лесен за никого, ниту за професорите, ниту за учениците, ниту за родителите, затоа што промените се секогаш тешки, а прилагодувањето бара огромна жртва од секого.

Јас сум убдена дека моделот кој што го избравме ќе биде баланс на добро образование и заштита на јавното здравје. Платформата ќе биде предизвик за сите, но уверена сум дека секој ќе го совлада работењето на неа и дека сите ќе ја сакаме истата. Таа е практична, лесна за користење и прилагодена за сите кои ќе ја користат, изјави Царовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.