До вчера се регистрирани 14 ученици позитивни на ковид-19, но тие не се заразиле на училиште. Тоа е 0,01 од вкупниот број на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Ист е процентот и кај наставниот кадар.

Сѐ уште нема интерна трансмисија во ниту едно училиште. За тоа кои училишта, кои деца или наставници се позитивни, информација имат надлежните служби, епидемиолозите, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Државниот просветен инспекторат и тие постапуваат во нивните надлежности и се на располагање. За јавноста е значајно да знае дека процентот е 0,01 на ниво на цела држава. Покажување со прст кон училиште или ученик нема да донесе добро никому, изјави Царовска по посетатата на Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.