Откако пратеникот и организациски секретар на ДУИ Артан Груби ја посочи министерката Мила Царовска како најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија, Царовска со одговор – добро е политичарите да ја почекаат правната разврска наместо да обвинуваат неосновано.

Министерството спроведе анализа за потребите на пензиската реформа која е направена со поддршка на Светска Банка. Во рамки на анализата се лоцираше проблем со 12.000 корисници кој е реален и за кој јавноста мораше да биде информирана. Веруваме дека функционерите не би требало да имаат проблем со објавување на информации од интерес на граѓаните. Ова е акт на одговорност и отчетност во работењето, а не избрзана изјава на министерката како што коментараат во јавноста. Министерството, не е истражен орган и не навлегува во јавна дискусија и обвинувања за одговорност. Тоа е работа на обвинителството кое веќе ги има сите документи за случајот.

Добро би било политичарите да ја почекаат правната разврска наместо да обвинуваат неосновано. Kривичната пријава Министерството за труд и социјална политка ја поднесе согласно законските обврски од Законот за кривична постпка. Со овој закон сите државни органи, јавни претперијатија и установи се должни да ги пријават кривичните дела за кој се гони по службена должност, за кои се известени, или за нив дознале на друг начин. Во случајот МТСП постапи според обврските од Законот и ги пријави неправилностите во пензискиот систем откриени при деталната анализа“, се вели во одговорот од МТСП на обвинувањата од Груби дека Царовска веќе две години раководи со Министерството за труд и социјална политика и ако биле направени погрешни трансфери во Пензискиот фонд, тие се направени и во нејзино време, и заради тоа одговорност прво треба да се бара од неа,  а потоа кај другите.

Груби рече дека во случајов не станува збор за злоупотреба на парични средства туку дека станувало збор за системска грешка, парите место во вториот столб по грешка биле префрлани во првиот. Според него, изјавата на Царовска е неумерена.

Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри. Додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција,  рече Груби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.