Мила Царовска, министерката за образование и наука тврди дека ниту едно училиште не е затворено поради бојкот на наставата во знак на незадоволство од новата програма која од годинава почна да се спроведува во прво и четврто одделени.

Според неа, наставниците се задоволни од новата програма и се подготвени да ја спроведат. Таа апелираше до родителите и до одредени политички партии да ги тргнат настрана своите лични интереси и да го следат интересот на децата.

Ниту едно училиште не е затворено заради бојкот. Бојкотот не врши работа никому, а најмалку е во интерес на учениците. Јас како министерка, и ние како Влада, интензивно се трудиме да обезбедиме образование коешто работи и е во функција на секое дете, рече Царовска.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ за денеска најави предупредувачки бојкот на наставата.

Како што објави „Тетовоинфо“, денес дел од родителите на учениците во четврто одделение во основното училиште „7 Март” во Милетино, Општина Брвеница, не ги пуштиле своите деца на училиште. Тие се револтирани што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.