Царинската управа го демантира тврдењето на порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски дека „Пред избори е распишан оглас за 22 времени вработувања во Царинската управа“. Како што велат тие во нивното соопштение, Царинската управа ниту вработува, ниту објавува огласи за вработување во дневни весници.

Видно од објавата е дека станува збор за објава на оглас за доделување на договор за јавна набавка за услуга за привремено вработување. Оваа набавка е планирана согласно Законот за јавни набавки со план за јавни набавки за 2019 година донесен на 24.01.2019 година од страна на директорот на Царинската управа. Планот е објавен на web страната на Царинската управа. Набавка е планирана под реден број 21 (http://customs.gov.mk/images/documents/javni-nabavki/PlanZaJN_2019.pdf) со очекуван почеток на набавката во месец март и проценета вредност на набавката од 2.600.000,00 денари со ДДВ, велат од Царинската упарава.

Оттаму додаваата дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.