Нафтениот кокс е слободен за увоз, односно не подлежи на мерки за трговска политика, се вели во реакцијата Царинската управа.

Од таму категорично тврдат дека, согласно сертификатите за квалитет кои се приложени при увоз на коксот, неточни се обвинувањата дека во Македонија се увезува кокс кој содржи 18% сулфур.

Што се однесува до увозот на отпад, Царинската управа потврдува дека не станува збор за неконтролиран и нелегален увоз на отпад.

Царинската управа, кога се работи за постапки кои се однесуваат на легислатива во надлежност на други институции, ги применува насоките добиени од институциите во чија основна надлежност се законите кои се применуваат. За правилно спроведување на нетарифните мерки повеќе надлежни институции согласно пооделни закони имаат надлежност да издаваат дозволи, одобренија или согласности за соодветната царинска постапка. Царинската управа дозволува увоз на отпад единствено со дозвола за увоз издадаена од надлежната институција- МЖСПП, се вели во нивната реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.