Бугарски политички претставници секојдневно го зголемуваат притисокот врз Македонија и Владата да се откажат од историското минато, посебно од периодот во Втората светска војна.
По секојдневните навреди и прозивки упатени на наша адреса од вицепремиерот , ултранационалистот Красимир Каракачанов, вчера на „Фејсбук“ уценувачка порака испрати и бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.
Македонија треба да биде во НАТО!
Треба да се почитува и договорот со Бугарија! Историските извори од минатите епохи недвосмислено докажуваат дека стотици години пред 1944 година во географската област Македонија бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределуваат како Бугари! Цар Самоил е бугарски цар на бугарско царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било друго зло! Сегашното самоопределување како етнички Македонци на дел од граѓаните на Република Македонија е исто така факт кој треба да биде почитуван, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци, пишува Ковачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.