„Фчерашни вести“ нема да постигнат да направат толку скечови колку што има гафови во 50 и кусурминутното интервју на премиерот Зоран Заев за босанската телевизија Н1.

Од необјаснива причина, иако домаќин, Заев се бламира одговарајќи на прашањата на новинарот, кој разбира македонски, на „југословенски есперанто“. Нејсе, навикнати сме на понижување од овој човек, па оваа јазична турлитава ја припишуваме на тоа – ужива да нѐ понижува.

Зборувајќи за тоа дека до неговото појавување Македонија била скарана со сите соседи, што значи проблемот бил во неа, Заев му објаснува на новинарот дека „са Бугарском смо урадили уговор за добросуседство, сарадњу измеѓу двије земаља – прихватили смо да споделимо заедничка историја“.

Ми имамо своја засебна, Бугарска има своја засебна, али имамо дио наше историје е заедничка. И прихватили смо то! На пример цар Самоил, чиј је био цар? Кад читамо учебнике, он је био син Бога! Значи није био Македонец, није био Бугарин, значи заедничко е то. Направили таков корак и Бугарска је постала пријатељ за пример, рече Заев и потврди дека не ги читал учебниците пред да им предвди ревизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.