Судиите од Апелација одлучиле да има куќен притвор. Кои се причините, не се знае. Обвинителката реагира со приватно обраќање до еден член од советот и тоа приватно обраќање сега веќе не е приватно. Сега веќе од таа приватност се префрла на јавниот интерес вели поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Приказните што јас ги слушнав овие денови по однос на излегувањето на Катица Јанева до дома носењето се од таков карактер што не можам да помислам дека може таква приказна да се направи од нешто што е нормално однесување на оние кои ја спроведуваат. Меѓутоа, кој кажал на сите каде се носи, во кој влез е, по кои скали се движи, одговорноста не е само кај новинарите, туку поголема е, вели Цаца Николовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.