Споредбата на предлог-одлуките за Македонија и за Албанија што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија, за старт на преговори, се бара завршување на серија задачи, објави „360 степени“.

Во предлог-одлуката за Македонија пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „за“ отворање пристапни преговори со земјава. Притоа нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.