Се распаѓа асфалтот кој лани беше поставен во велешкото село Сливник, долг 5,2 километри и во вредност од 650 илјади евра. Видео снимка од „квалитетното афластирање“ споделена е на фејсбук страната на селото.

Патот во Сливник започна да се гради лани есента, што значи не поминала ни една цела година, а како што може да се забележи од видео снимките иако платен со повеќе од милион евра народни пари, истиот почна да се распаѓа.

Инаку, инвестицијата е во висина од 651.853 евра од кои најголем дел се државни пари преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од 552.418, а остатокот од 99.435 евра се на Општина Велес.

Ова се историски моменти за жителите на село Сливник. Нивните децениски барања вродија со плод, започнуваме со изградбата на патот кон Сливник, низ Сливник и кон Бузалково, од кој корист ќе имаат граѓаните од сите населени места, посочи тогашниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, кој во септември 2019 година вршеше увид во градежните работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.