Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека неговите неофицијални информации велат дека Хисен Џемаили, кој вчера во Собранието беше изгласан за нов министер без ресор задолжен за пдообрување на инвестициската клима, не бил инволвиран во случајот „Мавровски работници“ во конфликтот во 2001.

„Да, но знаете дека процесот формално беше завршен со автентичното толкување на Законот за амнестија од 2001 година. Значи, ви кажувам дека формално-правно нема пречка, меѓутоа еве и неформално можам да ги споделам и информациите коишто ги имам дека господинот Џемаили воопшто не бил дел од настаните за коишто се споменува. Но, во однос на компетентноста, во однос на образованието и искуството, апсолутно сметам дека е вистински човек на вистинско место“, одговара Османи на прашањето за одземениот имунитет на Џемаили за овој случај.

Османи смета дека Џемаили ги има потребните компетенции да ја превземе оваа функција, иако беше избран откако прво Ибрахим Дехари ја одби понудата од ДУИ за тоа испразнето место со заминувањето на Зоран Шапуриќ.

„Прво, господинот Џемаили не е осуден за настаните коишто вие ги споменувате. Тоа беше главно дел од поранешната пропаганда против ОНА и нашите информации се дека воопшто не бил вмешан во настаните за коишто се споменува. Формално-правно тој нема пречка за извршување јавна функција. Тој беше претседател на Советот на Општина Тетово, беше пратеник во Собранието“, наведе Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.