Откако беше објавено видеото на кое вице-премиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој проверува дали таблите на сите државни институции се двојазични, тој заработи казна од МВР за зборување на телефон додека вози.

Како што се гледа на снимката објавена од Османи на својот профил на фејсбук, тој додека управува со автомобилот разговара на телефон и минува преку полна линија.

МВР му изрече соодветна казна на Б.О. за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност во сообраќајот, потврдиле од МВР за „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.