Од бугарското министерство за надворешни работи, не коментираат, односно ниту потврдуваат ниту демантираат дека министерката Екатерина Захариева побарала од македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, Македонија и Бугарија да потпишат нов договор налик на преспанскиот со кој ќе се имплементираат барања на Софија за македонскиот идентитет.

Иван Димов советник во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија за телевизија „Алфа“ вели дека нема да ги коментираат изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата во Софија минатата недела од бугарска страна било побарано нивните ставови преку амандмани да станат дел од нашиот Устав.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика Османи да даде објаснување дали вакво нешто му било посочено на средбата во петокот.

Ставовите на Софија во меморандумот со кој меѓу другото се оспоруваат македонскиот јазик и нација до 1945, како што вели Мицкоски се резултат на ветувањата кои Заев им ги дал на нашите соседи уште пред изборите во 2016.

Османи одговори преку Фејсбук. Тврди дека немало нов договор, а посетата на Софија била позитивна.

Премиерот Зоран Заев, пак, без конкретен одговор дали постои барање од Софија за нови уставни измени.Како што вели, не сакал да му наштети на процесот, Владата правела се за заштита на нашите интереси, но водела сметка и за бугарските.

Захариева минатата недела ни порача дека Македонија мора да се согласи на нов национален идентитет врз основа на историската реалност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.