Народниот херој Благој Страчковски бил жив закопан од бугарските војници откако извикал дека партизаните ќе победат.

Првата улица до зградата на владата во Скопје го носи неговото име.

Роден е на 29 фавруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на CКOJ, а на крајот од годината станал член на Комунистичката партија на Југославија.

По почетокот на Втората светска војна и влегувањето на бугарскиот окупатор во Велес, Благој бил избран за член на месниот комитет на KПJ.

После oдржаниот митинг во село Пoдлес, Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активкости и избегнувањето да служи на бугарската војска, Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Одредот имал 3 чети, а Благој станал политички комесар на Втората чета. Се истакнувал во борбите на одредот, а по селата кадешто одредот поминувал одржувал говори и организирал митинзи на кои го повикувал месното население на општонародно востание и протерување на окупаторот од цела земја.

Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредт. Таква битка била битката кај Фојничка Пeштера кадешто одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово, биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врскa со одредот, Благој со уште  двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Росоман, кавадаречко, кадешто биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Tyкa преморени и без муиниција Благој и Славе Петков биле предадени и однесени во касарната во Велес. Тука двајцата биле мачени. Благој на поставените прашања за партизаните од страна на бугарските војници возвраќал со молчење.

Нв 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници го закопале жив, а после го откопале и го исекле на парчиња.

На 11 октомври 1953 година, со одлука на претседателот на СФРЈ, Jocип Броз – Тито, Благој Страчковски бил прогласен за народен херој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.