Сведоштва од предци загинати во борба или оние што уште се живи и го памтат пустошот и теророт што бугарските „ослободители“ го правеле низ Македонија и врз македонскиоте народ денеска ги преплавија социјалните мрежи. Граѓаните се револтирани од изјавите што премиерот Зоран Заев ги даде за бугарската национална телевизија.

Неговите изјави ги карактеризираат како капитуланти и предавнички, но и малоумни. Во низата на реакции, е и оваа на Душица Николиќ, која саркастично зборува исуството на баба ѝ со бугарските „административци“

Баба ми ми раскажуваше за административните проблеми во младоста поради антивладин промотивен материјал. У кратки црти, претходниците на денешната власт, негде 41ва или 42ра, ја фатиле со антифашистички летки, па воспитно ја прибрале да се избања и да си дојде на себе у затвор у када пуна со змии и жаби. Не навлегуваше во многу детали…
Не ми е јасно само ако биле административците антифашисти тогаш, што згрешила жената?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.