Седницата на бугарскиот парламент, која се одржала на 19 април 1941 година, по нивната окупација на Македонија за време на Втората светска војна.

Во своето обраќање, тогашниот премиер на Бугарија Богдан Филов меѓудругото вели дека чувствата на најголема благодарност од бугарскиот народ до Германија секогаш ќе постојат, зошто таа помогнала директно во „ослободувањето“ на Македонија, и помогнала во остварување на бугарските идеали за држава од Дунав до Егејско Море, од Охрид до Црно Море.

Целиот бугарски народ денес гледа како се остваруваат неговите идеали за создавање една моќна и обединета Бугарија, од Дунав до Бело Море, од Охрид до Црното Море. Бугарскиот народ секогаш ќе искажува голема благодарност и големо признание кон силите на Оската и кон ивните големи водачи Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кои го остварија обединувањето на Бугарија. Овие чувства се особено силни кон Германија, чии војски дејствуваа во Македонија и Беломорјето и на тој начин беа непосредните ослободители на овие бугарски територии. во знак на благодарност кон оној кој не водеше мудро низ сите досегашни потешкотии и кој може да посведочи на обединувањето на Бугарија, за Неговото величество царот ослободител Борис Трети, ура! Ура! Ура!, вели Филов во говорот пред бугарските пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.