Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што се одржа во Мадрид, изјави дека бугарската блокада на македонските евроинтеграции е инвестиција во антагонизам наместо во пријателство.

Димитров рече дека ниту има правна основа, ниту е пристојно една земја во светот да признава или не признава јазик.

Не можете да создадете антиевропски услов и да го претставувате како критериум за една земја да се приклучи во ЕУ и секако не откако ја искачивме големата планина – проблемот со името. Решението со Грција беше можно, ние ја додадовме придавката Северна, само затоа што Грција ги прифати нашето право на самоопределување и македонскиот јазик како македонски, рече Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.