Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Парламентарната Комисија за одбрана на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат, пренесува БГНЕС.

Претседателот на Комисијата, генерал Константин Попов изјави дека Македонија може да смета на целосна поддршка и соработка од Бугарија на патот кон полноправно членство во НАТО.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.