Бугарија реагирала на блокадата на заклучоците за проширувањето на Западен Балкан во Советот на ЕУ од страна на Чешка и Словачка,објави Телевизија 24.

Испратена е позиција од официјална Софија, до сите останати 26 земји- членки на Унијата, каде Владата на премиерот Бојко Борисов жали за неочекуваната блокада на вчерашните заклучоци. Во нивната позиција велат дека ветото од Прага и Братислава го нарушува кредибилитетот на ЕУ. Чешка и Словачка не се согласуваат со одобрените заклучоци за Западен Балкан од страна на амбасадорското тело КОРЕПЕР, вчера во Брисел, каде се зборува за погрешно толкување на историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.