Првиот аспект од Заклучоците покажуваат дека за разлика од тоа како не лажеше СДСМ, Бугарија не е сама во блокирањето односно постигнат е консензус на ниво на земјите членки со кои што не се овозможува отворање на преговорите односно отпочнување на првата меѓувладина конференција, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Андоновски, како втор аспект за неотпочнување на преговорите на Македонија со Европската унија кажа дека тоа е поради тоа што билатерални прашања помеѓу Македонија и Бугарија со договорот за добрососедство се ставени сега да бидат услов за отпочнување на преговори, а потоа за отоворање на секое поглавје поединечно.

Вториот аспект е аспектот на историјата кој што се става во рамки на заклучоците односно во рамки на проширувањето и тука за жал не би бил оптимист голем дека Бугарија не би имала таква можност. Таа можност и ја даде на Бугарија со договорот за добрососедство со кои тие билатерални прашања се ставени сега да бидат услов за отпочнување на преговори, а потоа за отоврање на секое поглавје поединечно и тука мислам дека е многу жален обидот денеска на министерката Царовска да се обиде историските прашања како национална програма за национална историја бидат трганти, односно предметот историја биде тргнат за учениците како предмет. И третиот аспект кој што сакав да го споменам е тоа дека македонскиот јазик е споменат во делот на Фронтекс, односно денеска не е поминат договорот помеѓу Македонија и Европската унија заради проблемот кој што Бугарија го има со македонскиот јазик. И овие три аспекти комплетно ја блокираат, поништуваат позицијата на владата на Македонија, која што велеше дека таа не разговара за идентитетски прашања а гледаме дека токму тие идентитетски прашања со Договорот успеа да ги вметнат да станат услов за отпочнување на преговори, рече Андоновски.

Тој додаде:

За жал, неотпочнувањето на преговорите, не отворањето на вратата за отпочнување на преговорите сметам дека е сериозен ќорсокак, односно доведени сме до ѕидот и тоа што го спомнав скоро доведени сме до избор да бираме помеѓу асимилација со интеграција или компетна изолација.

На прашањето кој е изборот на ВМРО-ДПМНЕ, Андоновски посочи стратешки парнтер на ВМРО-ДПМНЕ е Европската унија, но како што рече тој ВМРО-ДПМНЕ никогаш не би потпишале договор со кој би се ставило македонскиот јазик, историја, идентитет да бидат услови за отпочнување на преговори

Изборот на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен и трае веќе 20 години а тоа е дека Европската унија е наш стратешки партнер, но во исто време и стратешка цел на Македонија како развој. Но, тоа не смее да се случи со погазување на клучните идентитетски прашања. Тоа значи дека ние никогаш не би потпишале договор со кој би се ставило македонскиот јазик, историја, идентитет да бидат услови за отпочнување на преговори, нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.