Бугарските медиуми повикувајќи се на информации од тамошното министерство за надворешни работи во понеделникот вечерта објавија дека специјалниот претставник на македонската влада за односисте со Софија, Владо Бучковски добил документ на средбата со шефицата на бугарската демократија Екатерина Захариева одржана вечерва.

Негова цел е да ја врати довербата меѓу двете земји.

Бугарија предложи акционен план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, се вели во информацијата од бугарската дипломатија.

Бугарија предложи акциски план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, објави вечерва софиската агенција БГНЕС, информирајќи за средбата на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева со специјалниот претставник на македонската Влада Владо Бучковски.

Овој документ, како што објави БГНЕС, се однесува на сите ресорни министерства и се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија (согласно со член 12 од Договорот).

За време на состанокот на Захариева со Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји, јави БГНЕС повикувајќи се на информации од прес-центарот на бугарското МНР.

Исто така, се посочува дека е направен преглед на спроведувањето на голем број практични обврски за кои Софија забележала дека доцнат.

Претходно, од македонското МНР, во соопштението за посетата на Бучковски на Софија, нагласија дека, „при крајот на годината е доставен акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што, во разговор меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева, беше договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози“.

Низ текот на редовната комуникација меѓу двете страни има континуирана размена на мислења и на идеи, двете страни често споделуваат свои предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат нивните позиции. Последен од низата е акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна, кој е предлог од наша страна, a за кој очекуваме овие денови да добиеме одговор и/или предлог забелешки и предлози од страна на Република Бугарија, посочија од македонското министерство за надворешни работи.

Непосредно пред посетата на Бучковски, бугарскиот министер за одбрана Каракачанов оцени дека не очекува приближување на позициите меѓу двете држави. Тој Македонците ги сметал за народ со див менталитет..

Во меѓувреме и двете страни не откриваат детали од Анексот на договорот од 12 точки кој според Каракачанов е доставен до македонската страна уште во ноември.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека документот содржи исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет..

Ќе одговори ли Владата што содржи Анексот со 12 точки? СДСМ и понатаму без никаков срам лажат дека не се преговарало за македонската историја, македонскиот идентитет. Наместо да продолжат да лажат нека се изјаснат и нека кажат кои се барањата и условите од Анексот со 12 точки кои го кријат од македонската јавност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во изјава за медиумите, денеска министерот за надворешни Османи негираше дека Бугарија доставила анекс на Договорот за пријателство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.