Зоран Заев ќе плати голема политичка цена за Законот за амнестија, смета поранешниот премиер од редовите на СДСМ Владо Бучковски, кој синоќа гостуваше во вестите на Канал 5.
Според Бучковски законот со кој пред Нова година им овозможи ослободување од обвиненијата на петнаесетмина учесници во настаните од 27 април, ќе му пресуди на Заев.

Според Бучковски, кој е професор на Правниот факултет во Скопје, сега било поважно да се смени Уставот отколку да се почитува владеењето на правото.

Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото – рече Бучковски на Канал 5.

Експремиерот рече дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и многу дебати на правни експерти, но вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.