Поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарската телевизија ТВ Европа објаснува дека ако комисијата не ја заврши работата, ако не постапи онака како што е во Договорот за добрососедство, секогаш ќе може тоа да биде причина зошто Бугарија не се согласува ние да бидеме члека на ЕУ.

-Во последните три години има драматично придвижување напред, она што беше до пред неколку години непоимливо да се признае во Македонија дека имаме заедничка историја, сега е факт, но треба да најдеме начин како да ја претставиме на пошироката јавност и во Софија и во Скопје дека барањето на заеднички точки, заедники личности кои не поврзуваат, треба да биде дел од иднината, а не ние да се поделиме за нешто што се случувало пред сто години или да не можеме да дојдеме до клучната фаза, тоа е да дојдеме до периодот од 1941 до 1944, до кога ќе ја зголемиме довербата меѓу нас, оценува Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.