Поранешниот премиер Владо Бучковски прогнозира дека Зоран Заев ќе ја растури коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатица.

Јас очекувам Заев да направи Влада со ДУИ, ДПА и со Алтернатива. Тоа се 66 пратеника. За потсетување овие партии се застапени во владата во заминување, министерот за култура Исмаили е од Алтернатива, вели професорот во изјава за „Вечер“.

Тој смета дека ваквиот состав на Владата може да добива поддршка и од осумте пратеници на Алијансата на Албанците, за Закони кои се реформски.

За двотретинските реформски закони ќе мора да се најде заеднички јазик и со ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори се за една година, резултатот од нив може да биде шанса за опозицијата (при евентуална нивна победа), да бара предвремени избори, смета Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.