Главниот преговарач во името на македонската влада, Владо Бучковски, Балканскиот форум насловен „Време е да се врати довербата“, кој се одржува во Софија, рече дека е направено многу на различни полиња, потенцирајќи ја медиумската област, посочувајќи ги двете национални новински агенции, дека МИА има дописник во Софија, а БТА за неколку дена ќе добие акредитација и за нејзиниот дописник во Скопје.

Тој рече дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и дека тоа ќе биде изразено во дипломатска нота, а Скопје нема намера да се меша во внатрешните работи на Софија. Бучковски рече и дека за шест години ќе има воз меѓу двата главни града, додавајќи дека Македонија ќе добие 200 милиони евра за изградба на делницата до границата со Бугарија.

Убеден сум дека пораките што моментално доаѓаат од Софија, посебно од најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, создаваат оптимистична атмосфера и во Скопје, изјави Бучковски.

Спред него, овој спор повеќе не е само билатерален, туку и регионален, бидејќи опфатена е и Албанија.

Национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа мораме да го спречиме, порача Бучковски.

Форумот ги отвора клучните теми за Западен Балкан, се со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. Настанот е организиран во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.

Домаќин на Форумот е европратеникот Илхан Ќучук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.