Специјалниот пратеник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на „Алсат“ изрази убедување дека следниот период ќе има поразличен пристап од бугарската страна во надминувањето на проблемот меѓу Скопје и Софија. Сепак, тој не прогнозираше со какви ставови би можело да излезат четирите политички партии во Бугарија кои ги водат разговорите за состав на новата влада.

Да не давам прогнози во пресрет на разговорите во кои сите очекуваме дека централна тема ќе биде начинот на кој новата влада ќе пристапи во разрешување на спорот што го има со нас, кој од билатерален прерасна во регионален, вели Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.