Поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски, за БНР изјави дека македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Како што вели Бучковскитој, тимовите на двете министерства за надворешни работи работат на формулациите.

Верувам и знам дека додека ние разговараме, тимовите на министерствата за надворешни работи, на Бугарија и нашето, работат на формулациите коишто ќе покажат дека и без поддршка од кого било, макар што, во моментов го имаме претседателството на Германија, кое е голема поддршка, ние од Западниот Балкан, ние соседите кои имаме заедничка историја, можеме да најдеме решение за нашата заедничка иднина – изјави Бучковски за БНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.