Идејата беше да покажеме дека сме сериозни да го имплементираме Договорот за пријателство со Бугарија. Убедени сме дека брзо ќе дојдеме до фаза на реализација. Требаше да покажеме дека Македонија нема никакви скриени намери кон Бугарија. По резултатите во април што ги имаа се доведовме во позиција да немаме соговорник од другата страна. Сепак мислам дека овој вакуум беше продуктивно искористеn,вели преговарачот Владо Бучковски.

Паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се во континуитет, ескалацијата беше во ноември – декември. Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање на заштита на националните и државни интереси. Направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија, дел од бугарските политичари постојано на секоја средба што сум ја имал споменуваа дека барањето на дополнителни гаранции е поради заканите од опозицијата“ – вели Владо Бучковски, специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија во Студио 10 на ТВ24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.