Поранешниот македонски премиер Влад Бучковски во интервју за бугарскиот медиум БНР.бг велие дека „заради руското влијание, но и заради конјуктурната политичка ситуација, во Македонија и во Бугарија повторно се разбудија сили кои се испречија пред зближувањето на двата народа.“

Очигледно е приближувањето на Македонија кон почнување преговори со ЕУ, а извесно е членството во НАТО и тоа предизвикува да се разбудат силите коишто сакаат на Балканот повторно да има дестабилизација. Тие сили се плашат од сојузот и големата коалиција што ја создадоа сегашните раководства на Македонија и Бугарија на патот кон ЕУ, вели Бучковски.

Тој смета дека во Бугарија постоја сили кои сакаат Македонија да ја тргнат од патот кон ЕУ и да го отежнат договорот за добрососедство.

Имам чувство дека и во Бугарија дел од политичарите се исплашија од договорот и од приближувањето на двете страни, затоа што ќе биде затворено македонското прашање и ќе мора да се фокусираат на секојдневните проблеми во општеството. Јас сум убеден дека ние треба да бидеме сојузници и како Македонец мислам дека немаме поголем пријател од Бугарија и бугарскиот народ. Тоа очигледно некому му пречи и во Скопје и во Софија, смета Бучковски.

Споре Бучковски, историјата не може да се промени и затоа зад форсирањето да се затворат одредени прашања по секоја цена, стои сериозно политичко влијание.

За мене е неразбирливо зашто комисијата отвора прашања, кои по дефиниција се мост кој дополнително ќе го зајакне нашето сојузништво и партнерство. Личноста и делото на Гоце Делчев е мост меѓу двата братски народи. Не разбирам како е можно симболот на нашето заедништво – иконата на македонската борба за национално единство и самобитност, да биде пречка за продолжување на продлабочувањето на добрососедтсвото. Сметам дека тука постои погрешна политичка, но и научна методологија, вели Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.