Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на телевизија „Телма“ го изрази своето мислење дека евентуалното добивање на датум за преговори со ЕУ пред изборите, нема да има многу големо влијание.

Ако пред изборите го добиеме датумот, тоа ќе биде во полза на власта. Ако има датум за преговори на 26 март тоа ќе биде блага предност за СДСМ и Беса, но нема да биде гаранција дека ќе ги добијат изборите. Исходот на 26 март може да донесе еден пратеник повеќе на СДСМ во првата, евентуално во втората изборна единица и ништо повеќе, рече Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.