Трети ден преку Здравствениот дом во Велес се вршат бесплатни брзи Ковид тестови. Како што информира за МИА, Николче Димовски, директор на ЈЗУ Здравствен дом тестот го работи нивна екипа на лаборанти и лекар во зградата на поранешното Основно училиште „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ .

Појаснува дека нивниот пункт е во засебни простории од просториите за Ковид тестирање кое од поодамна го врши медицинска екипа на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Димовски информира дека тестирањето е во терминот од 11 до 14,15 минути, а дневно се вршат по 40 тестирања со закажување преку Мој термин од матичните лекари. Пациентот треба да го исполнува алгоритмот, односно да има симптоми на Ковид, а не повеќе од пет дена.

За овие брзи тестови, резултатите граѓаните ги добиваат веднаш, а резултатите од истите се доставуваат и до матичните лекари, информира Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.