Се наближува крајот на пописот и според досегашните бројки се попишани нешто над еден милион и шестотини ијади граѓани. Бројка како бројка можеби е и реална и оти толку жители и навистина живеат во Македонија со оглед на голем број на иселени.

Но, она што паѓа очи се запишаните гласачи за локалните избори.Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1 824 864.

Ова во праска ќе значи дека Македонија има повеќе гласачи отколку жители, а згора на тоа голем дел од овие 1,6 милиони досега запишани се малолетни граѓани кои ги нема во Избирачкиот список, анализира „Република“.

(фото: МИА)

Важно е да се знае и дека запишани гласачи за парламентарните избори во 2020 година имаше  1.814.263, односно за десет илијади помал од овие избори.

Веселата математика на власта очигледно е дека не се совпаѓа и оти ќе мора да се крати од бројот на гласачи или пак во овие неколку денови да се „набилда“ бројката на пописот.

Веќе неколку изборни циклуси во кои СДСМ е власт и ги организира изборите не се говори за Избирачкиот список и за тоа колку е тој голем но ни за т.х фантомски гласачи кои беа главна мантра на тогашната опозиција, посебно на Радмила Шекеринска.

Се споменуваше бројка од  дури  300.000 сомнителни гласачи. Поради тоа, на барање на тогашната опозиција предводена од СДСМ беше спроведена теренска проверка на сомнителни гласачи по што околу 30.000 беа привремено избришани од Избирачкиот список.

Покрај тоа, околу 200.000 граѓани за кои се претпоставуваше дека живеат во странство беа ставени на посебен список. Потоа т.н сомнителните гласачи повторно беа вратени во Избирачкиот список.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.