Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 20 новозаболени лица од  Ковид-19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Денеска има и осум оздравени пациенти.

–  Поголем дел од новозаболените веќе имале контакти со претходно  потврдени случаи, но и има и новозаболени, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот.

Од почетокот на пандемијата, дијагностицирани на Ковид-19 во Центарот за јавно здравје Куманово се 987 пациенти, од кои во моментов активни се 282.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.