Откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 28 нови случаи на Ковид-19, бројот на активни случаи во земјава изнесува 451 случај.

Вчера се регистрирани и пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, а починале 5.467 граѓани.

Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.