Откако во минатото деноноќие беа регистрирани 1.635 нови позитивни случаи на Ковид-19, бројот на активни случаи во земјава се искачи на 15.576. Вкупниот број на заразени граѓани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.

Од 1.635 нови случаи на Ковид-19, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, 184 слулаи од регистрираниот број на позитивни, се реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.

Поради нагорната линија на позитивни лица со Ковид-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година и на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.