Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Кејт Мари Бернс, во интервју за „КОХА” вели дека со оглед на ситуацијата со здравствената криза со Ковид-19, лидерите на политичките партии треба да ги почитуваат роковите и да ги формираат институциите на земјата што е можно поскоро.

„Ние очекуваме партите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со Ковид-19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми, е приоритет“, вели Брнс.

На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс рече дека плуралистичкиот систем на Северна Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност.

„Зависи од мнозинството во парламентот која ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност”, рече американската амбасадорка во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.